Е, ова навистина ме жести, ме вади од кондури. Мицкоски од Кочани прашува, “до каде е случајот со Никола Младенов”? На тешката трагедија и судбина, Мицкоски собира политички поени. Па што не им кажа на Кочанчани дека неговата партија го гонеше Младенов измеѓу два изборни циклуси? Зошто не им кажа на Кочанчани дека Младенов го прислушуваа, зошто не им кажа на Кочанчани дека со години го иследуваа и му правеа досиеја? И зошто не им кажа дека Младенов погина во сообраќајна несреќа во нивно време?

Ќе одговараат за се’, за убиства, за тоа што ја рустураа земјата и ги сиромашеа граѓаните со години. Ќе одговараат за се’. Да ми верувате на збор.

Фб статус на Ненад Јовановиќ