Знате што, читам некои “прецвикани” хипици, оклапени/олапени филозофи-теоретичари, ги читам кајшто велат “па те светот ќе се променел”, па те “светот ќе станел подобро место после короната”. Се обидуваат теоретичарите – кои нашиве фенси академици ги читаат – да создадат дискурси само како би успеале реалноста/сегашноста да пропадне во нивните теоретски фикции.
Знаете што? Ништо нема да биде подобро после короната. Напротив, ќе биде бајаги полошо. Наша работа е да сфатиме дека мора да се бориме оние бруки и несреќи да не’ помирисаат власт додека не се реформираат и извинат за се’ што направија во ерата на Груевски, ако сакаат да си го повратат кредибилитетот и довербата, а што се однесува до светот: после короната ќе биде турбулентно во светот, а светските белји ќе не стигнат и нас. Затоа паметно. И борбено.
ФБ статус на Ненад Јовановиќ







































