Мицкоски е (пре)нежен човек за да фрла лопати низ Охрид. Ние, народот Македонски, го гласавме за да ни куша, бае и “маѓија”, што би рекле босанците, го гласавме да носи скапи фенси часовници и одела од марката Карл Лагерфелд, а не да фрла лопати, тоа треба да го прави некој негов “фиќфириќ” или “прокси”, што би рекол нашиот Јован Деспотовски за Филипче:
“Филипче бил прокси на Заев”.
Така вели Јово кај Мирчевски на Канал 5. Фино ме изнасмеа. Демек Венко нема свој идентитет и интегритет, па сега бил прокси на Заев со логистика која било комплетна негова, на тој “страшниот” Заев имено.
Добриот дел на СДСМ, а тоа е несомнено делот што Венко го поддржува, таквите меѓу себе се солидарни и пред се’ толерантни. Само инфантилен и фенси-шменси тип денес нема да застане позади Венко.
Венко е супер човек, да ми верувате на збор. А мене нема да ме видите на партиска позиција, што значи дека јас освен зборот и гласот друго немам. Ниту друго сакам. Добро, имам книги и точак, ама тоа нема многу да ви користи.
А Заев, пријатели, е легенда. Тоа го знае и она нежно раче кое денес фрла лопати низ Охрид, а тоа го знае и секој симпатизер и член на СДСМ.
Заев е људина. Супер човек што помага(л) секаде, тамо кајшто можел, а помагал и тамо кајшто не можел. Човек што направи договор на своја штета, и човек кој сам се повлекува од првата функција во државата – што значи се повлекува кога беше најјак, а не најслаб – таквите луѓе не се кварни луѓе.
Заев се повлече сам, кога беше најјак. Ако тоа не ви кажува се’ за тој човек, тогаш се плашам дека слабо ја познавате политиката и личноста на Заев.
P.S.
Ќе ве молам после лопатите фрлени во Охрид, помада, некаков гел од глицерин за рачињата на нашиот мил и нежен премиер. Крути и рапави раце не му личат на професор, даскал и еманципатор.

ФБ став на Ненад Јовановиќ