Заев му дава значка на НАТО, без грам цинизам, па дури и како да му вели, “ела, море, тиквар, ела, дојди со нас на патот по кој треба сите да одиме”, а овој му дава новчаник “Луј Витон”. Сељачина.

Знаете што. Сите го поддржуваме Заев затоа што ги брани граѓаните, ги штити и интегрира во НАТО, а ќе биде за брзо и ЕУ. Сигурен сум во тоа.

А сега, дозволете нешто да објаснам. Мицкоски вели во Македонија владее хибриден режим. Еве сега ќе објаснам зошто Мицкоски и генерално “опозицијата” не знае што зборува кога вели, “Во Македонија владее хибриден режим”.

1.) Ако нема фер и демократски избори, и ако власта на избори не може да се промени, тогаш станува збор за хибрид.

*Заев доби избори на фер натпревар со фер изборни правила.

*Груевски не можевме на избори да го добиеме. Цела јебена декада беше наштелувана и зобифицирана машина во која цело време се знаеше кога, колку и на каков начин се бројат гласови на било кои избори.

2.) Влада која не прифаќа иницијативи од граѓани, здруженија и поединци, станува збор за хибриден режим.

*Кажете една иницијатива што оваа Влада ја отфрлила, кажете една иницијатива на поединци и групи што оваа влада грубо ги оттргнала?

*Груевски пепел правеше со невладините. Башка не гонеше преку финансиска полиција.

И уште кога ќе слушнам: сите биле исти, во земјава владеело хибриден режим?

Вие луѓе не знаете што зборувате. Зоран Заев и оваа влада се најдоброто нешто од сите досегашни светови. И практично, и симболички.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ