Луѓе од мене бегаа, не ми дигаа телефон, мои пријатели кои ги сметав дека ми се навистина добри, ме бришеа од фејсбук, завршуваа со другарување, ме избегнуваа по улици, луѓе ми се sвереа како да сум Брејвик лично во овие две години…
Влегував во кафана за кафе да испијам, половина кафана стануваше и си одеше. Прашував зошто, по ѓаволите со мене. Само затоа што на медиум го бранев и верував во мировниот договор од Преспа. Во мировниот договор, повторувам. Го бранев договорот за Мир. За Мир, разбирате ли?
Во овие две години медиумите и таа линчувачка пропаганда на Мицкоски им наредуваше на луѓето да ме мразат, не само мене, туку и многу други кои веруваа во договорот за Мир.
А денес, штом освоија општини, пари и тендери, сите како попчиња: “Преспа е реалност”; “Преспа го прифаќаме”.
Одете, бре, по ѓаволите!
Немам зборови да опишам колку сум бесен. И затоа тука ќе запрам.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ