На пратеникот Миле Лефков кој е и член на ИО на ВМРО ДПМНЕ му е доделена улогата на систематско оцрнување и клеветење на СДСМ и на неговиот нов лидер Венко Филипче.
Лефков , во секојдневен ритуал од прес говорницата на неговата партија блуи отрови против Венко и Заев нарекувајќи ги “браќа по криминалот” само врз основа на оговарања што ги пренесувале медиумите, и како да е негова партијата СДСМ,говори загрижено дека тие ја киднапирале партијата со изборот на Венко за претседател со цел да ја употребат за заштита на нивниот наводен криминал.
Сите негови гнасни и подли обвинувања кои прераснуваат во јавна тортура и политичко насилство врз неистомисленици, се засноваат врз ” пишувањето на медиумите од пред 5 до 6 години” врз основа на некој тендер што наводно сакал да го спроведе Венко како министер ама бил поништен заради критики од опозицијата па никој не се офајдил од него и од други оговарања што ги слушнал или прочитал во медиумите.
Замислете го тој човек кога утре ќе излезе на Собраниската говорница и говорот пред пратениците, меѓу кои е Венко, ќе го почне со зборовите ” Почитувани колеги пратеници”.
Нема ли тогаш да ви се згади?
Но, тоа не е се, што би рекле во рекламите.
Лефков по сите обвинувања и клевети што ги блуи, вели: ” Ако има одговорност за делата што ги споменувам, Филипче и Заев ќе одговараат”. И тоа му е најпаметната реченица во сите негови настапи. Кога некој би сакал да го долови абсурдот на неговата пропаганда би можел на некоја прес конференција да каже:
По се што слушнав од Миле Лефков до сега, мислам дека човекот има сериозни проблеми со душевното здравје. И ако има докази за тоа ќе треба да оди во душевна болница.
Само така можеби тој и неговата партија ќе сфатат дека изгубиле компас во грижата за ” киднапираноста” на СДСМ.
Одговорот на СДСМ на сето ова до сега беше: Алоооо, не сте веќе опозиција. Сите инструменти за утврдување одговорност се во ваши раце
“Докажете или престанете да лажете”.Се друго е во доменот на организирано политички и медиумско насилство од страна на власта.
ФБ став на Ѓорѓе Спасов