Кога зборуваме за солидарноста, мора да мислиме и на мотивирањето на сите оние кои имаат повеќе да дадат за доброто на државата и граѓаните особрно во таква криза во која сега се наоѓаме.
Јас, мојата фамилија, како секогаш имаме помогнато финансиски на бројни семејства од социјален ризик, имаме стипендирано студенти, имаме плаќано за сместувачки трошоци.
Во овие моменти ми се јавува гласот на мојот покоен татко, кој секогаш помагал на оние на кои помошта им е најпотребна, независно од ситуацијата во која ние се наоѓаме.
Ако можеш да помогнеш, помогни, но немој никако да одмагаш.
Епа татко, токму тоа и го правам, да знаеш…
Огромна благодарност до компанијата Јанев компани која прва се јави да донира, ги повикувам и сите останати, колку што можат да излезат во пресрет во оваа криза.
Заедно можеме да се избориме против ова зло!
ФБ статус на Костадин Костадинов







































