Иако корона-примерите за менталните грешки што генерираат глупаво однесување се длабоко вознемирувачки, пред сѐ, поради суровата убиственост на вирусот, сепак, имаме пример среде Скопје на уште посмртоносно и понеразумно однесување на жителите на библиската земја. Замислете – во светло на опишаната невролошка сага за формирањето на човечкиот мозок во првите години од животот, и тоа преку уништување на безмалку половина од сопствените невронски ќелии – замислете како се формираат мозоците на нашите деца и внуци што првите 14 години од животот го минуваат во малоумниот вмровски паноптикум, со чудовишно големи, одвратно лажни, невешто и погрешно изделкани, и криминално подигнати споменици од т.н. „Скопје 2014“?!

Врз основа на таа разулавена опредметена безумност нашите златни деца практично немаат друг избор отколку да ги самоуништат во сопствените мозоци сите навистина потребни неврони, задржувајќи ги за цел живот оние во кои се врежале монструозно глупавите, грди и лажни споменици, што стојат недопрени веќе трета година по „ослободувањето“ од вмровскиот фашизам. А, ние сите – сосем обратно од случајот со невидливиот вирус за кој немаме имагинација да го замислиме – мижиме со отворени очи одминувајќи ја причината за менталната смрт на нашите деца, како овие културоцидни споменици на злото и глупоста воопшто и да не постојат. И, за крај: постои ли во вселената поглупаво и поирационално суштество од човекот? Нема шанси, верувајте ми на збор.

Целата колумна на Мирослав Грчев за Слободен печат на следниов ЛИНК.