Венко Филипче само што го демантираше во живо Инфомакс во обид да ѝ протне уште една невистина на јавноста, по којзнае кој пат. Неколку часа пред тоа, Обединетите нации го демантираа лажгото Николоски дека имало проценка на мерки во Македонија. Остај што го демантира ОН, тазе вратениов од Будимпешта пред некој ден, вели дека забрана за патување требало да се воведе пред 1 месец.
До кога ќе трпиме лудило, будали, лажговци и дезинформатори? Трпевме лудаци и го прифативме лудилото како нормалност во „редовната“ состојба. Сега е вонредна состојба.
Ако сакаме ефикасна борба против КОВИД-19, без борба против лажговците и лудаците, тоа ќе биде далеку потешко.
Ќе црпи ресурси и време од оние кои се на првата линија на фронтот, ќе прави забуни и паники, ќе се отежнуваат сите напори за справување со болеста.
Време е да се најде чаре и за лагите и лудилото. И тие не припаѓаат во нормалноста на едно општество, во која сите сакаме што побргу да се вратиме.
Извор: Цивил Медиа