Која ароганција и глупост!
Досегашните политичари вели таа ,биле фрустрирани и заслепени од големината на западните политичари и дипломати и затоа се однесувале поданички и со скршена кичма за разлика од неа, без ден меѓународно искуство, која ќе разговарала со нив на друг начин. Крајно потценувачки.
Гордоста не се продавала и не се купувала туку се заслужувала, ама таа,со својата ароганција, ќе му ја вратила на овој народ.Господ нека ни е на помош.
По падот на режимот на Груевски и смената на Ѓорѓе Иванов, Македонија ја изгубила гордоста и таа, Гордана ,умната на мајка, сега повторно ќе и ја вратила на Македонија изгубената гордост од времето на Мијалков, Камчев, и Груевски кои се на црната листа на САД..
Мицко “Бисерко” може вода да и носи. Што би рекол: Водата е влажна. Сонцето е топло.
И се чуди: Што си така нервозен?
Глупоста и глупавоста не смеат да ве нервираат.А особено не ароганцијата, цинизмот, омаловажувањето и предвремениот триумфализам.
Навикнете се на нив.
Тоа Македонија ќе ја направи повторно грда .Ако гласате за нив.
ФБ став на Ѓорѓи Спасов