Во услови кога сите, а пред се лекарите, се бориме за здравјето на сите граѓани, кога сплотеноста и солидарноста се зајакнува, нема ден, а ВМРО-ДПМНЕ да не предложи нешто колку да предложи. Нешто што како да има за цел да го руши системот кој беспрекорно функционира. Денес бара меѓународна помош зошто и НИКОГАШ не верувале во капацитетот на граѓаните на Северна Македонија, не верувале никогаш во капацитетот, стручноста, знаењето, ним секогаш им треба насока и помош од центрите: Софија, Белград, Рим, во поново време Будимпешта. Од самиот почеток работат против системот, за ситни поени, а на штета на здравјето на сите граѓани, вклучувајќи и нивни членови. Да потсетам, откако Мицкоски правеше невкусни политички шеги со појавата на вирусот преку кривичните пријави за херојот на денешното време Филипче, до денес, нивниот пристап е деструкција деструкција и само деструкција. Аман. Пораснете. Или што би рекол Мицкоски политичарите да бидат надвор од политиката, ама очигледно тоа е за нив, деструктивците. Оставете системот, оставете знаењето и трудот на СИТЕ, а не Наши или Ваши лекари да го водат процесот, почнете да верувате дека и овде лекарите знаат, можат, дека тоа е нашиот капитал во борбата со корона вирусот и треба да добијат поддршка, а не алиби предлози колку да се каже нешто. Ова ќе помине, зборовите што се кажани не ќе можат да се измијат со сапун, ама затоа сега, почесто употребувајте го сапунот, корисно ќе е за сите…

ФБ статус на Јани Макрадули