Кога ќе се качиш на возот, кога-тогаш ќе стигнеш таму каде што си тргнал. Можеби возот е веќе полн, па ќе стоиш и ќе се туркаш, можеби ќе има пречки на пругата или ќе се расипе локомотивата, но кога-тогаш возот ќе стигне таму каде што тргнал.
Е, ние денеска го направивме токму тоа – се качивме на возот што еден ден треба да не однесе до целта. Брисел е само симболика. Целта е еден ден кога ќе стигнеме на последната станица, да бидеме нормална демократска земја во која ќе владее правото, а не центрите на моќ. Земја во која секој вид на корупција ќе се казнува строго, за криминал и да не правиме муабет. Земја во која нема да биде важно од која партија си, туку дали те бива за нешто. Конечно, земја во која секој ќе може да заработува доволно за живот и без да се откаже од достоинството.
Далеку е целта, но денеска е важно што се качивме на возот, можеби и во последен момент. Билетот ни беше Преспанскиот договор, сега е на нас да покажеме дека освен амбиција, имаме и капацитет. Дефинитивно надеж.

ФБ статус на Гоце Михајлоски, новинар