Господата пратеници од власта денеска рекоа НЕ за предлогот за намалување на ДДВ-то за електрична енергија и за основните прехранбени производи.
Чоек и да ги разбери. Оти тие одамна изгубиле контакт со релноста и не знаат што значи борба за гол живот. Ним, со месечна плата од 1.500 евра плус уште толку за патни трошоци, со по еден-два или повеќе станови во Скопје, 2-3.000 денари повеќе или помалку во месецот ништо не им значат.
И не само што ситите на гладните не им веруваат, туку не ги есапат за живи. Се’ до денот кога ќе им затребаат да заокружат одредено бројче на гласачкото ливче. Тогаш ќе им се лижат, ќе се гушкаат и сликаат со нив, ќе им ветуваат мед и млеко, брда и долини. Веќе утредента – пак по старо.
Така било, така и ќе остани.
Додека има овци, ќе има и волна!
ФБ став на Зоран Милошески