Што нуди „новото нормално“ на ДПМНЕ?
• Наместо вистински и искрен патриотизам, ги велича и устоличува предавствата и предавниците;
• Ја бетонираа Северна и ставија рампа на патот за Брисел;
• Вазалството кон албанскиот коалициски партнер го верифицираат со менување на државниот грб;
• Изнајмуваат авиони на државна сметка, за да одат во Будимпешта на партиска средба со „демократот“ Орбан и клептоманот Грујо;
• Го зголемија јазот меѓу супер богатите и екстремно сиромашните до степен на живот во два различни света, за да можат полесно да ги контролираат;
• Од собраниската говорница нелуѓе со човечки лик, фашисти, ја поганат устата и ги дискриминираат различните од себе;
• Извикани криминални функционери од груевизмот на кои местото им е во затвор, не’ прават слепи при очи и не’ убедуваат дека цените во маркетите се намалени 102,3%;
• Ни ја инсталираа најнеспособната гарнитура градоначалници од постоењето на државата, кои урбаните средини ги претворија во селски паланки.
„Новото нормално“ никогаш не било поненормално
ФБ став на Зоран Милошески