Мицковски и Силјановска веќе летаат во воздух и прогласуваат победа.
Тоа се оние кои бојкотот го сметаа за легитимно средство во политичката битка.
Го бојкотираа референдумот за името,за да не се промени Уставот и за земјата да не стане членка на НАТО.
Ја бојкотираа и промената на Уставот, за внесување на Бугарите во него, која беше и е , услов за продолжување на разговорите за членство на Македонија во ЕУ.
А главната причина за нивната политика на бојкот беше што парламентарното мнозинство прифаќало промени без претходно да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието
И сега следи прашањето. Имаат ли тие обезбедено 40%од потребните гласови за избор на претседател во вториот круг?
И како би им било да го почуствуваат самите бојкотот на изборите во вториот изборен круг.Нели Гордана и Мицковски ветуваат нешта за кои немаат подршка од потребното мнозинство за избор на претседател.
И зошто би бил правен кворум за избор на Силјановска, кога со нејзин избор, блокадата на уставните промени во Собранието би продолжила.?
Со Бојкот на Бојкот секако не е добра политика, но тие мора да сфатат дека нивните методи во политичката борба секогаш можат да се искористат и против нив. И тоа би било сосема легитимно и оправдано.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов