Во моментов мора да се прогласи вонредна состојба.
Само во такви услови може да се ограничат правата и слободите кои во моментот им се ограничуваат на граѓаните (на ниво на колективно, а не индивидуално ограничување):
Член 54
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Автоматски тоа е и правниот основ за одложување на изборите.
Имено, во ситуација на делумно ограничени права и слободи на граѓаните, во моментов не може да се одржат фер и слободни избори во кои секој граѓанин ќе има еднаква шанса да го даде својот глас за политичката опција за која сака.
ФБ статус на Мирјана Најчевска