Пејачот Наум Петрески вчера демонстративно објави: Нема да го почитувам карантинот, ќе излезам од дома, затоа што власта е неспособна да се справи со обичен грип!.

Конечно на некој стручен водржавава му текна дека коронава е обичен грип и дека намерно не затвораат дома за да не трујат преку воздухот и да ни инсталираат 5Г мрежи кои ќе ни го спржат мозокот. А на крај, сите ќе не чипираат.

Е многу ми е мерак кога ќе слушнам дека кај нас има вакви стручни лица кои ги разбираат работите, а не како оној Филипче, да ни кажува седете дома, многу е опасен вирусов.

Само ме интересира, дали ако Наум навистина го прекрши карантинот и прошета надвор за време на полициски час, ќе му долетаат 10 специјалци, да интервенираат и да го пикнат во марица, па со нога да му ја лупнат вратата, онака фраерски без маска и ракавици. Или тоа само на оние со кучиња им следи?

Целата колумна на Ана Анастасовска за Слободен печат прочитајте ја на следниов ЛИНК.