Мицко: Ало, добро вечер претседателе… Како сте?
Грујо: Добро. Кажи шо има!
Мицко: Па ништо посебно, претседателе. Сакав да ве прашам за Филипче што да правиме.
Грујо: Нападнете го. Кажете нешто демек состојбата е многу сериозна, а тој ништо не презема. Кажете и дека јавноста бара одговори, а него никаде го нема.
Мицко: Ама претседателе. Па тој цело време држи пресови и ја информира јавноста.
(молк од 10-тина секунди)
Грујо: …Епа тогаш нападнете го дека со неговите пресови крева паника кај населението.
Мицко: Се извинувам претседателе, но мислам дека малку глупо ќе изгледа ако така кажеме!
Грујо: Не е твое да мислиш. Направи ко шо ти кажав!
Мицко: Добро, нема проблем. Ве разбирам. Сега веднаш. Пријатно претседателе.
Грујо: Ај!
ФБ статус на Ацо Лукароски