Тоа што живи луѓе горат во дискотеки, гинат на пешачки премини, што Владата здушно се бори против достоинствен живот за работниците и што цените на производите појдоа в’небо, не им смета. Не им смета ни тоа што спрегата меѓу криминалците и власта функционира беспрекорно, што човековите права и слободи катадневно се ништат, што медиумите се пералница на мозоци и гласноговорници на мицковизмот.
Ги нема збор да зуцнат во заштита на личното достоинство и создавањето подобра иднина за своите деца. Ништо од тоа. Ама затоа се закренаа да го бранат Вучиќ од сопствениот народ. Мери им умот, крој им капата.
Македончето отсекогаш било спремно ако треба и да загини за туѓи бели дворови. За сопствените интереси великодушно оставало други да решаваат.
ФБ став на Зоран Милошески