Фејк-њуз партија нормално, раѓа фејк патриоти 👎

Црниот 27-ми април, ни донесе безброј трауми кои не сакам да ги враќам на површина. Но, болката знаејќи дека некој беше подготвен да направи граѓанска војна за 200.000 евра… Не се премолчува!

Фрлаа луѓе во ендеци, а тој ден тргнаа и државата да ја фрлат во ендек. За 200.000 евра!

Протестираа заради тиранска платформа. Ни П од платформата не видовме. И тоа излезе уште еден фејк-њуз специјалитет од кујната на фејк-њуз партијата.

И сега што прават? Повторно лажираат. Но, сите вистински домољубци и добронамерни граѓани кои ве следеа и кои ги измамивте и ги фрливте во оган ќе си проценат сами дали си поигравте со нивните судбини за 200.000 евра или не.

За крај, патриот не е оној кој државата ја носи на раб на војна, туку оној кој и дава стабилност и просперитет.

Наместо поделби и омраза, граѓаните одбраа иднина и членство во НАТО. Сигурност која како Македонци не сме ја имале никогаш во историјата!

Граѓаните ќе одберат пак. Зошто изборот им е полесен од било кога. Бираат да одат напред или да се вратат во несигурност и страв. Да ги жнееме плодовите сите заедно или да не лажат и фрлаат во оган неколкумина мангупи за 200.000 евра. Да работиме и успееме сите без разлика кој од која партија е или да царуваат локални шерифи, неработници и криминалот.

Фејк или вистински патриоти. Тоа е изборот. 🇲🇰

ФБ статус на Љупчо Николовски