Баба ми имаше обичај, кога нешто ќе може лесно да се реши или за нешто што не треба голем напор или што не е тешко, да каже тоа е „од мачка кашлица“ или ќе мине како „од мачка кашлица“. Им се извинувам на љубителите на мачки, можеби ваквиот израз и не е точен. Но, денес во време на пандемија од корона вирус и според моето лично искуство,  јас тврдам дека коронавирусот не е „од мачка кашлица“.

ЗАРАЗУВАЊЕ

Кон крајот на февруари во државава се крена алармот за опасноста од коронавирусот. Особено по појавувањето на првиот случај на заразен од коронавирус. Но надлежните делуваа импровизаторски. Препорачуваа носење маски или ракавици, помалку дружење. Повикуваа да не се шират шпекулации и да не се создава паника.. Немаше кампања или конкретни мерки за опасноста од коронавирусот. Така беше до појавувањето на заразата во Дебар. Кон крајот на првата половина на март власта како да се созеде. Беа донесени конкретни мерки. Затворање школи градинки, кафеани…Е токму тогаш имавме семеен собир. Три до четири дена подоцна некои членови од семејството почнаа да манифестират симптоми на коронавирус. Направените тестови ја потврдија заразата. Веднаш потоа тестови направивме и сите останати. Позитивни, беше резултатот од нив. Деветмина позитивни. И деца и возрасни. Самоизолација, две недели.

Кој со симптоми, кој без симптоми, ги минувавме деновите.

Целата колумна на Мирче Адамчевски за Фактор на следниов ЛИНК.