Опозицијата (и нејзиниот истакнат финансиер, кој наводно бил рекетиран, а е самиот обвинет за тешки кривични дела во друга постапка) вложи многу изборни надежи во аферата „Рекет“. Тие политикантски инвестиции сè уште траат (се палат и билборди на таа тема деновиве!), иако амбициозната суштина на самиот скандал, наспроти нивните намери, им се „стопија“ како коцка мраз на пролетно сонце.
Можеби опозицијата располага со дополнителни „крунски докази“ за скандалот што ги нема Обвинителството, а кои допрва мислат „предизборно“ да ги објавуваат? Тоа, навистина, би било правно безобразие, со оглед на привршувањето на фактичкото судење, но политички сигурно би им користело во предизборни цели…
Но, ако немаат такви уверливи, необјавени докази, тогаш целата оваа правосудна шарада на која бевме изложени во изминатите десетина месеци ќе се покаже дека била свесно конструирана операција со многу повисоки, валкани политички интереси, од самите пресуди што ќе следуваат за преостанатите двајца обвинети, какви и да се тие.
Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.