Која промаја е овој, човече! Вели: „… се согласувам само со една точка во дополнителниот извештај на Европската комисија за земјава, односно само со препораката да почнат преговорите за членство во ЕУ…. “
Срамота е да се нарекува професор.
Па, добро бе професоре, таа точка, таа единствена точка со која ти се согласуваш, од што произлегува, а?
Произлегува бе професоре од серија точки за кои е утврден „значителен напредок“!
Еве ти 4 за почеток зашто се плашам дека толку собира „промајата“:
1. Потврдени се успесите во сите три клучни области, а особено во судството.
Извештајот посочува за „значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството“, а притоа се повикува на други релевантни извештаи и оценки.
2. Носењето на Законот за Јавно обвинителство, меѓу другото, е да обезбеди одговорност за сторените прекршувања на законите и целосно затворање, до правосилна судска пресуда, на случаите кои ги отпочна Специјалното јавно обвинителство.
3. Како на добра пракса, Извештајот на Европската Комисија го нотира и разрешувањето на шест судии, вклучувајќи го тука и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, односно на одземањето на имунитетот на еден судија на Управниот суд.
4. Извештајот прави разлика помеѓу стариот систем на работа, кога функционираше УБК и денешната АНБ, а посочува и на зајакнатиот надзорен капацитет на Собранието.
#НикогашПовеќеРежим #ДостаБешеПромаја

ФБ статус на Зоран Бојаровски