За нештата да станат појасни:
Игор Јанушев, актуелен генерален секретар на Владата и поранешен генерален секретар на ДПМНЕ, беше осуден за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Јанушев бил член на Комисијата за јавни набавки при Министерството за транспорт и врски, каде што бил вработен кога се вршела јавната набавка на двокатните автобуси од Кина. Како член на комисијата, Јанушев ја фаворизирал кинеската компанија „Јутонг“ да го добие тендерот за набавка на 202 двокатни автобуси за потребите на ЈСП при Град Скопје, со што на буџетот му нанел штета од 5 милиони евра.
И сега? Случајност е тоа што подарениот имот во вредност од 325.000 евра со кој се стекнал Јанушев датира од 2010 година, период во кој се вршела набавката на автобусите? Случајност е и тоа што договорот за подарок го заверил адвокат Панче Тошковски, сегаш министер за внатрешни работи, кој пак случајно има стан во зградата изградена на имотот на Јанушев?
Борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет на Владата на ДПМНЕ!

ФБ став на Зоран Милошоски