И неважно дали ќе станеме рамноправна членка некогаш или само ќе се движиме на тој пат. Та не го разбираат во ДПМНЕ. Самата кооперација во процесот на интеграција за нас е можност за реформи со стручна и материјална поддршка на ЕУ институциите. Демек ќе сме можеле сами. Се покажа, ништо не можеме сами, ништо. Да можевме … Политиката на премиерот и на претседателката во однос на ЕУ е анти ЕУ политика. Приказните за идентитетот и за другите блефирања нека ги решаваат на ЕУ патот, во фазата на интеграциите, на преговорите, поглавјата, а не овде за гласови. Оддалечување? Не, не. Неговата политика не не` ни политика ни оддалечување туку неговите манири не исфрлаат од ЕУ просторот и не враќа на билатерала во историското софиско дувло каде што отсекогаш билатерално сме биле игнорирани, негирани, понижувани. Е таму, откако како кец на десетка ни дојде Рамката француска ли, бугарска ли, европска ли, сеедно, каде што на нашиот интегративен пат историско-идентитетските тривијалии на Софија би се соочиле со 26 други сведоци членки на Унијата, Мицкоски, Сиљановска и нивните пак не` туркаат назад во негаторските бугарски атари и не` држат како заложници вкотвени на овие балкански простори обременети со истории, идентитети, негирања.

Став на Зоран Иванов за Локално.