-На 29 јануари 2020 година објавив колумна со наслов „Ќе го брани ли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Преспа како што ја бранеше Привремената спогодба?“.
На 11 февруари 2020 година речиси сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ практично го поддржаа Договорот од Преспа гласајќи за Законот за ратификација на Северноатланскиот договор, неопходен чекор за нашето членство во НАТО. Да бидам искрен, кога го поставив прашањето „Колку време сега ќе им треба на квазипатриотите да еволуираат?“, воопшто не очекував дека ќе им требаат помалку од две седмици за да направат вакво „салто мортале“, пишува Жарко Трајаноски во колумна за Фронтлајн.
-Но, ете, и тоа се случи. Со свои очи го видовме чекорот напред кон Северна Македонија во НАТО, наместо ветуваниот „чекор назад“. Главните артисти од претставата „Никогаш Северна“, кои невешто глумеа патриоти осудувајќи го потпишувањето на Договорот од Преспа, кои го бојкотираа референдумот што самите го бараа, кои скандираа „Никогаш Северна“ за време и по претседателските избори, си гласаа ко попчиња за Северна Македонија во НАТО. Притоа, единствено Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ не аплаудираше, бидејќи беше зафатен за да си ги придржува панталоните од страв да не му паднат, за да не види народот што тече низ нив, вели Трајаноски во колумната.
Колумната во целост на следниов ЛИНК.