„Сте се прашале ли дали живеете подобро? Дали државата се движи во вистинска насока? Дали сте задоволни од ова што се случува? Дали сметате дека живееме во нормална држава, дека се слуша вашиот глас, дека власта ги одржала ветувањата и дека оваа власт е најдоброто нешто што вие го заслужувате?
Насекаде гледаме хаос и загубена перспектива. Луѓето се разочарани. Власта тоа го користи и го злоупотребува. Тоа мора да престане. Поделбите да запрат. Народот треба да се обедини: десни, леви, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, стари и млади, жени и мажи. Дојде време за промени и народот мора да почне да ја создава новата иднина. Да излеземе од кругот на апатијата. Затоа што колку повеќе овие се на власт, толку помалку останува од Македонија, толку помалку не’ има во државата“.
• Ова што го прочитавте се зборовите на Христијан Мицкоски кои се најдоа на првите страни од изборните програми на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори од 2021 година. Четири години подоцна, прашањата и дилемите на Мицкоски се поактуелни од било кога. Пред да продолжите да зборувате за „ланскиот снег“ и да ги пцуете претходните градоначалници, прочитајте го уште еднаш писанието на Мицко. После тоа, во пресрет на новите локални избори, само ќе ви се каже што, како, за кого…
ФБ став на Зоран Милошески