Старото добро ВМРО ДПМНЕ се враќа… „Патриотите“ повторно ја спасуваат државата од измислените непријатели Верувам дека знаеш, а може и да не знаеш, можно е само да го читаш тоа што ти го пишува Александар (миленикот на Ж), а можеби и статусот он ти го напишал…

Случајот „Монструм“ е во тек, а тие се невини се додека не се докаже спротивното Јас имам само еден ментор, тој работи во телевизија… Твојот е во Будимпешта! Кукавица, азилант, исто како неговите ученици што ги остави зад себе, ниту еднаш не се соочија со нивното минато, не го осудија, продолжуваат по старо, пошто патот им е трасиран, така им е полесно.

А ако сакаш да зборуваме и за лажни вести, нема проблем… Ќе треба да викнеме и некои од вашите пратеници.

Знам дека и ти посакуваш Фуркан да стане политичар, ама ќе ме гледаш уште многу долго како новинар. Ќе ме гледаш во очи на твоите прес конференции, исто како што ме гледаше на 27 април пред кабинетот на претседателот на Собранието. Ќе ве чекам пред белата палата исто како што ве чекав пред суд, и пред Шутка!

Ќе бидам овде секогаш кога Димче Арсовски ќе се обиде да етикетира, да ја лаже јавноста и да манипулира. Ова не е ниту прв, а верувам дека нема да биде ни последен пат некој да се обидува да ме етикетира… Но за среќа таквите обиди доаѓаат од луѓе како Димче Арсовски, луѓе што седат на иста маса со воени злосторници, криминалци кои што злоупотребувале државни функции, а меѓу нив има и насилници а богами и убијци кои што со помош на партијата избегнаа затворски казни. Арсовски, ако некој друг ти го напишал статусот, простено ти е….

Ако не е така, спремај се

(ФБ Статус на Фуркан Салиу)