Секогаш убавите вести ги бодат очите- Силвана Бонева, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, веќе цела година добивала пари на сметка од Агенцијата за вработувања во Струмица, по основ “бенефиции за невработени лица”.
Само напред Бонева, ти можеш и повеќе, ова е премалку, недоволно изживување, ситен придонес од сите нас, кон тебе. Во Кралството кое ние ти го создадовме минатата деценија, во времето на владеењето на Груевски, таа остана една од пионерите на цицањето крв од народот.
Сетете се само која е таа, Бонева. На крајот на декември, 2017, таа беше осомничена за злоупотреба на службената положба и незаконско прибавување на 100.000 евра на име патарини. Според истрагата на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Друмарина“, Бонева од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини.
Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.
НОВА ТВ тогаш објави дека Бонева доставувала фискални сметки од патарина кога патувала во 17 часот попладне, а во исто време, истиот ден била се уште во Собранието и гласала во 19 часот. Сметките најчесто ги добивала од таксисти кои сообраќале на релација Струмица-Скопје и обратно.
СЈО направило увид и во броилата за струја во домовите на поранешната пратеничка во Струмица и во Скопје и според нив, таа поголем дел од времето го минувала во Скопје, што е уште еден доказ дека дел од километражата која ја прикажала била фиктивна.
Целиот текст на Билјана Секуловска за НОВА прочитајте го на линкот тука