Медениот месец на Филипче завршил вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во ваква сензитивна ситуацијата во која ни се најдува државата, а и светот воопшто?!

Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата, вели Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.

Можете ли да поверувате, драги мои?!

Во моменти кога во државава имаме вонредна ситуација, кога целиот медицински персонал е регрутиран, кога полицијата и армијата е во служба за спроведување на мерките и препораките, кога докторите со фотки порачуваат вие седете дома ние сме тука за вас, кога пациенти од Инфективна со пишан збор се заблагодаруваат на медицинскиот персонал за грижата, кога секој нормален граѓанин со нетрпение и страв го чека секој прес на министерот Филипче, кога Кризниот штаб е во постојано заседавање, кога имаме изолација на Дебар и Центар Жупа, кога се затворени сите граници, аеродроми, кога сите медиуми и нормални партии повикуваат да се почитуваат препораките од Министерството за здравство, кога министерот Филипче има по најмалку две прес конференции во денот, а истовремено координира цел здравствен систем, во такви моменти оној Христијане Мицкоски,  министерот Филипче и неговиот труд го оценува како „меден месец“. Навистина мора некоја сериозна дијагноза да е во прашање кај Мицкоски и да ти е потребна сериозна психијатриска опсервација.

Имаме побогу не политичка, ами техничка Влада во која истото она ДПМНЕ на Мицкоски има министер за внатрешни работи и заменици министри во сите клучни министерства, и во таква една ситуација како лидер да се осмелиш и да речеш дека „Завршил медениот месец на министерот за здравство Филипче“, нека ми простат сите вмровци кои се поклонуваат на овој лидершип, ама навистина треба да си неарен.

Целиот текст на Јане Ѓорѓиоски за Фронтлајн на следниов ЛИНК.