Ваква дебата немаше кога пропаѓаше Универзална сала, кога се правеа „јајце“ проекти за целосно менување на нејзинот лик, кога и се смени името во Конгресен центар „Александар Македонски“, кога се потрошија 600.000 евра за разни проекти, планови, конкурси. Сето тоа без ниту секунда консултација со граѓаните и јавноста.
Тогаш немаше ни колективна меморија, ни културна традиција, ни симболика на светската солидарност со Скопје во 1963. Имаше малку критика, а многу „не се бавам со политика“.


Сега има широка јавна дебата. Нема наметнати одлуки, туку предлози на институциите, кои се дискутираат со граѓаните и јавноста. Има и колективна меморија, и уважување на симболиката на солидарноста на триесетина земји со Скопје по земјотресот, и жестока критика кон предлозите на градските власти.
Уште еден во низата докази, дека не се сите исти и дека – има разлика! 😎

ФБ статус на Петрит Сарачини