За време на кризата со корона-вирусот, и вирусот на лудилото ни се појавува се почесто и погласно, и тоа во неколку вида на екстремни минифестации:

– Една манифестација се неодговорните лудаци, кои се „изнад ситуација“, не носат маски и ракавици, не држат дистанца, си идат по гости, не веруваат дека вирусот постои, или мислат дека е приказна за да се профура 5Г технологија, чипирање на луѓе, масовен транспорт на мигранти итн…

– Друга манифестација на лудилото се оние препосветените, кои некритички и параночино креваат друг тип на хистерија, оние кои сакаат да ги стрелаат, бесат, пикнат во кампови, логори, карантини итн неодговорните лудаци од погоре, а и секој кој не се однесува според „пропишаното“, односно нивното разбирање за пропишаното.

– Но, најопасни се лудаците кои и во оваа криза, како и во секоја друга, гладаат можност за материјална придобивка, газејќи преку човечки животи и судбини. И, дури не се срамат да излезат јавно и да уценуваат, кој со што може, па дури и со масовно ширење на вирусот ?!

Освен незадоволството кое неминовно ќе расте, институциите ќе мора да ги издржат и лудациве. Едните што критикуваат сè и не почитуваат ништо, и уценувачите, но и другите кои ја туркаат власта кон политичка конфронтација, реваншизам, диктаторски однос.

А, тоа ќе биде ѓаволски тешко, без помош на сите рационални граѓани, кои не припаѓаат на ниту еден од овие екстреми, и кои разбираат дека во вонредна ситуација секој ќе треба да се откаже од дел од удобностите и рутините на секојдневниот, редовен и нормален живот.

Едноставно е, луѓето треба да се адаптираат на вонредните околности, а не обратно. Оние што бараат вонредната ситуација да се адаптира на нивните навики и хирови, ќе биде тешко да ги разубеди било кој. Тоа лудило и сите негови манифестации, ќе треба да се издржи.

Не ни е сефте. Го издржавме лудилото на груевизмот и го победивме, ќе го издржиме и победиме и ова лудило сега! 

ФБ статус на Петрит Сарачини