ШТО ПРАВИМЕ СО ВИРУСОТ НА ОМРАЗАТА И ЛУДИЛОТО?
Во Битола, структури на мвро-вмро шират страв и омраза кон луѓето во карантин, а се шири и омраза кон лекар кој е позитивен на вирусот КОВИД19. Наместо емпатија и солидарност, лов на вештерки и менталитет како во средниот век.
И тоа, не било каде, туку во најградскиот град, градот на конзулите. И не е сефте. Во тој град се сквернавеа гробишта на Евреите, се цртаа наци симболи, се палеа куќи на недолжни муслимани (не само на Албанци) во одмазда за убиени во конфликтот во 2001 од некој друг, а не од сограѓаните.
И не е само во Битола. Во секој град и село, има по некој што сака „чиста“ Македонија. Од „Шиптари“, „Цигани“, „мусличи“, емигранти…А богами, и од „коронаши“. Макар и да се „наши“.
Борбата со корона-вирусот ќе трае неколку месеци и ќе помине, што правиме со заслепените од омраза, со вирусот на „чистото“ лудило, што се налепува на секоја наша невоља? Или, ќе оставиме да не зафати сите, па „ко преживи-приќаќе“?
ФБ статус на Петрит Сарачини