За рационални луѓе, не е тешко да се дојде до појасна слика за состојбата, успесите и неуспесите во борбата со корона пандемијата кај нас. Како и за одговорноста за нив.

Навистина, во овие три месеци, видовме и слушнавме многу изјави и постапки – на државни институции и функционери, политички и верски лидери, партии, невладини организации и видни активисти, медиуми, новинари, интелектуалци и истакнати јавни личности… И сите тие влијаат на резултатот. Позитивно и негативно.

Како да измериме кој колку придонел? Еве еден кус опит. Пробајте да си ги поставите и да дојдете до одговор на следниве прашања:

– Кој поттикнуваше непочитување на мерките, а кој поттикнуваше нивно почитување?

– Кој рече дека нема да го казнува народот за непочитување на мерките?

– Кој бараше простување на сите казни за непочитување на мерките, а кој доследно и неселективно казнување?

– Кој не ги спроведуваше мерките и правеше се што може да го отежни нивното спроведување?

– Кој одеше на партиски активности, патриотски помени, верски прослави итн со цела сурија и свита, без почитување на мерки? Кој не можеше да издржи без теретани, прошетки, реклами, „отсјаји“ и разно-разни други пропагандно-спортски активности?

– Кој ја прогласи короната за мртва? Кој не сакаше да ги затвори храмовите, да ги прекине привремено верските обреди како во сите светски верски центри?

– Кој ширеше лажни вести – дека короната не постои? Дека се користи за да се држат луѓе дома и да се инсталира 5Г? Дека ќе ни ставаат чипирани вакцини? Дека се даваат 5000, 2000 евра за да пишеш дека твој близок умрел од корона…?

– Кој поттикнуваше истовремено меѓуетничка омраза и непочитување на мерките, преку посочување на раската во туѓото око? Аааа Сингелиќ…? Аааа Гевгелија? Аааааа Чаир? Аааа Струга? Ааааа Сарај? Ааа Шутка? Аааа Аеродром? Ааааа разулавени моторџии по булевари? Ааааа разџафкани шиљокурани на маалски клупи…? Зошто сите овие не беа посочувани и казнувани неселективно?

Има и многу други рационални прашања што може да си ги поставите. Но да почнеме од овие. Тие се одговор не само за одговорноста во минатото, туку и за иднината. Не е сефте да ве потсетува Младиќот.

ФБ статус на Петрит Сарачини