-Великани во политиката би се качувале по прозорци и би влетувале по домовите, можеби дури и честа би ја имал и Дурловски, да му го забрикадираат тоа малиот простор што бог му го доделил за да твори. Ех, наспроти таа сјајна планетарна кариера која ја отфрла и само се согласува да настапува на Комитиски вечери- од типот Гоцева, 49 по ред, кај иселениците во Торонто-Канада. Таму само може да попукаат фасадите од неговиот глас, ужасно неискористен и со леснотија отфрлен, само заради политичките амбиции, во кои дивјаштвото е цената за херојските подвизи на несфатениот уметник.

Тој во своите, се уште небарокни одаи, останува запрепастен од лаконската изјава на Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, дека за фасадата на МЕПСО “важел градежниот закон- веројатно нема да дувне ветар”.

Нашата среќа е сепак, што ниту еден ветар никогаш нема да може да го оддува Дурловски, еден од најсјајните татковци на крвавите глави, и не само тој четврток, кога командата беше дадена да се гине, но главите да паѓаат од другата страна, пред да ги сервираат на барокните фасади. Така само Гоцевиот свет може да се дувне и да се раскрши во парчиња, но за тоа Дурловски повеќе има што да раскажува.
Целата колумна на Биљана Секуловска за НоваТВ на следниов ЛИНК.