-Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

НОВА ТВ тогаш објави дека Бонева доставувала фискални сметки од патарина кога патувала во 17 часот попладне, а во исто време, истиот ден била се уште во Собранието и гласала во 19 часот. Сметките најчесто ги добивала од таксисти кои сообраќале на релација Струмица-Скопје и обратно.

СЈО направило увид и во броилата за струја во домовите на поранешната пратеничка во Струмица и во Скопје и според нив, таа поголем дел од времето го минувала во Скопје, што е уште еден доказ дека дел од километражата која ја прикажала била фиктивна.

Во март, 2018, беа замрзнати двата стана на синовите на Бонева од страна на СЈО, но откако беше објавена информацијата дека ги сокрила од Антикорупциската комисија. Подоцна, таа и призна дека не го пријавила станот од 109 квадрати во Центарот на Скопје на име на нејзиниот син Орце Бонев, со пазарна вредност од околу 180 илјади евра- кој не беше единствен- таа немаше пријавено и уште еден стан со пазарна вредност од околу 180 илјади евра, за вториот син.

Целата колумна на Биљана Секуловска за НОВА ТВ на следниво ЛИНК.