Ако некој ме праша колку министри во владата на мултиетничка Канада имаат француско потекло, ќе кажам дека појма немам. А и ако ‘повикам пријател’, нема да ми помогне. Бидејќи никој овде во Канада не почувствувал потреба да ги брои.

Во мултиетничка Канада никој и никогаш не дискутира за тоа од која националност е лидерот на владеачката партија, или лидерот на опозицијата. Или каков е соодносот во партиите на Британци со Французи, или дали има пропорционален број на Кинези итн.
Премиерот на Канада е Французин по потекло и тоа никому не му пречи. Лидерот на третата партија по големина е Индиец. И тоа никому не му пречи.

Било каде во светот, а особено во државите од зовриениот ‘Балкан’, само мултиетнички партии можат да обезбедат мир, стабилност и прогрес. Партии што заговараат ‘чиста Македонија’ само предизвикуваат штета на државата. И партии на коишто целата политика им се сведува на борба за правата на само еден етникум предизвикуваат штета на државата. И оние што пред седиштето на својата партија тераат инает и не поставуваат официјално државно знаме исто така предизвикуваат штета на државата.

А штетни за државата се и „Геровците“ коишто се платени за да плукаат по единствената вистинска мултиетничка партија кај нас, СДСМ.

Едно мое лично искуство за крај.
Пред година и пол бев во посета на Македонија и ја искористив приликата еден ден да го посетам Арачиново. Тој ден имаше народен собир (фотографија долу) заради отпочнување на изградба на нова општинска зграда. Се чувствував прекрасно. Стигнавме во Арачиново многу порано, па со моите пријатели седнавме во една кафеана. Кога дојде време да платиме, сопственикот на кафеаната ни кажа дека не должиме ништо. Момците што работеа во кафеаната ни посакаа убав ден. Не се работи за парите, не беше голема сума, но чинот и честа што ни беше укажана вечно ќе ги паметам.
Многу пријатно чувство беше и кога на собирот околу мене видов многу луѓе коишто зборуваа албански јазик и со рацете виореа македонско официјално знаме. Со ведри и насмеани лица.

Ја имав честа да се сретнам и со градоначалничата Milush Ramadani Halimi, со Esra Salihi, со Agron Halimi, со Petrit Amon Mra Saracini и со уште многу други драги фејсбук пријатели. Арачиново го напуштив попладнето со пријатни импресии.
Тоа е соживот.
Тоа е надеж дека Македонија ќе ја биде.