Горан Момировски на Алфа ја завршува емисијата со зборовите кон Сафета Бишевац, “мислам дека ти си еден објективен набљудувач”, а Сафет на тоа вели, “благодарам многу, чест и задоволство ми е”, па на крајот со објективно крешендо завршува Сафет: “На следниве избори верувам дека ВМРО-ДПМНЕ (Мицкоски не го спомнува, него го нарекува “следниот водач”) ќе ги добие изборите, а потоа очекувам болни реформи”.

Внимавајте, не внесоа во НАТО, го решија Преспанскиот договор, покачуваат плати како луди, ја релаксираа и ослободија политичката атмосфера, направија мал милион ДОБРИ чуда, и ти се појавува Сафет Бишевац кај Момировски, и ти вели, онака ладно: “мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, а нивниот водач очекувам да направи болни реформи”. Што има на ум Сафет, да го стават на листа за пратеник?

Браќа и сестри, јас мислам дека по глупаво од ова не може.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ