Трамп веднаш ќе ги помилува „патриотите“ кои бесно упаднаа во Конгресот на 6 јануари ако пак стане претседател. Силјановска-Давкова ќе ги помилува македонските „патриоти“ кои го „освоија“ Собранието на 27 април.
Пред да понудиме некои одговори на прашањето од насловот на овој текст би требало да поставиме и едно прашање за загадочниот развој: Зошто ВМРО-ДПМНЕ се одлучи нивниот кандидат Гордана Силјановска-Давкова да биде пријавена во ДИК со потписи на пратеници, а не со оние 28 илјади потписи на граѓаните? И прашањето е загадочно, а одговорот на ВМРО-ДПМНЕ дека „поднесувањето на кандидатурата е технички процес“ исплакнато прозаичен. Два дена ечеа пропагандните труби дека Силјановска-Давкова собрала рекорден број потписи само во неделата по конвенцијата, за сето тоа подоцна да се сведе на „технички процес“.
Во штабот на партијата знаат зошто го направиле тоа и зошто ги кренаа од дома илјадниците поддржувачи да чекаат во неделата да го дадат својот потпис. Би требало да знаат и дека одлуката да се оди со пратенички потписи ќе ѝ наштети на јавната перцепција, дека ќе ги крене веѓите кај многумина кои се обидуваат да најдат одговор на ваквата постапка, а од голем дел ќе бидат изложени на потсмев по социјалните медиуми.
Со овој чекор тие ѝ го намалија просторот на Силјановска-Давкова да се претставува во кампањата како граѓански кандидат поддржан од партијата, што несоменено ќе ѝ го стесни хоризонтот на обраќањето кон гласачите на изборите. Еден од можните одговори е дека ВМРО-ДПМНЕ сака Силјановска-Давкова да ја држи стриктно до партиската агенда при евентуална победа. Да не ѝ се случуваат „граѓански излети“ и „талкање“ надвор од партискиот шатор, кои потоа може да донесат неочекувани неволји.
А сега да видиме што имаат заедничко поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Гордана Силјановска-Давкова, кои идеолошки не седат на иста клупа, а сепак делат одредени ставови.
На 2 март на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат меѓу другите како гостин беше и Јане Ченто, осуден на 13 години затвор за учеството во упадот во Собранието на 27 април 2017. Тој веројатно користел слободен викенд по одредено време поминато во затвор.
Целата колумна на Љупчо Поповски за Дојче Веле на следниов ЛИНК.