Наќе Чулев (who?) го бара Синиша Алексовски, поранешниот советник за државна безбедност на Иванов алијас Фикус.
Смрди корне од српски и руски служби, пријатели! И уште еднаш ќе направат се’, само за да ја скандализираат нашата земја пред влезот во НАТО. Тоа цело време го зборувам, ѝ приватно, ѝ јавно.
Се сеќавате дека руски и српски безбедносни структури беа вклучени во пучот во Собранието на 27-ми април 2017 година. Се сеќавате на случајот „Тврдина“? Тоа беше проект создаден од надворешни и внатрешни безбедносни служби, само за да се спаси Груевски (персонифициран во ВМРО).
Смрди корне земјата од инсталации на Груевски кои се создавани цела декада. Ако вие мислите дека се шегувам, тогаш вие мора да се шегувате.
Одговорот на се’ е одговор што граѓаните на нашата држава ќе го испорачаат на 12 април. ВМРО-ДПМНЕ заминува во историја заедно со сите негови сателити.
Северна Македонија ќе чекори према Запад, ќе чекори со Соединетите Американски Држави. Запомнете го тоа.
Ненад Јовановиќ