Зошто би имале политичка криза ако ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира изборите ?
Не би биле фер изборите затоа што датумот не им одговара?
Тоа се само изговори и глупости додека седат во техничката влада со свои министри и ја саботираат власта за да се подига незадоволството на народот.
Нивната закана со бојкот на изборите, која никогаш и не ја споменале е уцена.
Тие без најава го бојкотираа и референдумот за договорот со Грција. Но тоа не само што не ја воведе земјата во политичка криза туку и овозможи да биде направен голем политички исчекор.
Бојкотот на вториот круг од изборите во 1994 година исто така не доведе до голема политичка криза. Напротив. Љупчо Георгиевски призна дека тоа тој бојкот бил една од најголемите грешки во неговата политичка кариера.Секако.
Добро е да се обезбеди инклузивност. Но ако некој бојкотот го употребува како метод за кочење на сите политички процеси треба да се остави да бојкотира а не да му се дозволи да се изживува. Тоа треба да се третира како легитимно политичко право и волја.
Партија која тврди дека ќе победи на изборите кога и да бидат организирани сигурно нема да бојкотира. А ако бојкотира заради тоа што мисли дека “поразот на партиите од власта ќе бил помал сега отколку кога изборите би се организирале на есен, тогаш нема било каква причина да и се прифаќаат изговорите. Таа е сепак само една од 14те партии кои имаат пријавено свои листи во ДИК за изборите и мора да сфати дека избори се можни и без неа. Не е точно дека без неа ќе нема легална опозиција во земјава.
И не само тоа. Без неа можеби не би имале веќе било каква политичка криза во Македонија.
А тоа што некоја партија нема да ги признавала резултатите од изборите нема да биде ни прв ни последен пат.
Кој губи има право да се лути и вината за својот неуспех да ја наоѓа кај сите други, само не кај себе.
Оттука. На избори и што ќе биде нека биде.
Доста тегавење и молење.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов