Политичарите постојат за да им служат на граѓаните и да го одржат зборот. За жал денес живееме во време на апсурди и се бориме со политички противници чија основа на делување се манипулации, лажни вести и извртување на фактите. ДПМНЕ со денови предизборно промовира инфраструктурни проекти на кои одамна турбо се работи.
КАЈ НАС ЗБОРОТ ВАЖИ.
Најавувам дека во следниов период, од лице место, од терен, на јавноста ќе и овозможиме уште еднаш да се увери дека на комуналната инфраструктура, патиштата, гасификацијата работите се во полн ек. Еве ја користам оваа прилика да повикам било кого од високото раководство на ДПМНЕ да ми се придружи и заедно да извршиме увиди на терен. Срамота е за опозицијата која 11 години беше на власт да се надева на доверба на граѓните со украдени проекти на владата на СДСМ.
Што е многу, многу е, макар било и од ДПМНЕ.

ФБ статус на Горан Сугарески