На дежурните сеирџии чија омилена дисциплина им е голото политиканство, кои сега лажно обвинуваат дека Владата ја злоупотребува вонредната состојба, ја користам приликата да им порачам. Во секое демократско општество дебатата е здрава и служи како коректив за процесите. Арно ама, да зборуваме со факти а не со претпоставки. Лесно е да се седи на страна, и да се критикува “ради реда”, без да се носи никаква одговорност!
Прво, вонредната состојба не е донесена како една од повеќето опции кои беа на располагање, туку како единствена можна опција заради претходно закажаните избори. Тоа значи дека нашата земја е во состојба на борба со “виша сила”, и токму затоа вонредната состојба е неопходна.
Второ, “техничкиот” карактер на извршната власт ја вклучува и опозицијата со раководен кадар со сериозни овластувања, што по автоматизам значи дека секоја владина одлука поминува низ ситото на различни диоптрии и споделена одговорност.
Трето, Уредбите со законска сила прбо поминуваат меѓуресорска координација, па го поминуваат филтерот на Секретаријатот за законодавство, па дури потоа поминуваат на владините седници. А што се однесува до етичкиот агол на вонредната состојба, како министер најодговорно тврдам дека никому од нас не му ниту лесно, ниту едноставно што како држава сме соочени со вакви тешки предизвици.
Да Ве потсетам дека пред 30 дена бевме принудени за првпат во нашата историја да воведеме вонредна состојба. Претходно такво искуство нашата земја нема! Тешко ни е на сите, без разлика на вера, етникум или политичко уверување, ама стискаме заби и се бориме како знаеме и умееме. Разбирам да се критикува, свесен сум дека политиката не е омилена професија кај пошироката јавност и затоа нека се гледа се’ низ најстрогото око на јавноста, ама дајте малку реалност. Ние политичарите не сме роботи, туку сме и нечии деца и нечии родители, луѓе од крв и месо кои имаат чувства и точно знаат каква одговорност носат. Да се напаѓа дека се злоупотребува кризата и отсуството на законодавната власт и дека наводно кај некој постои таква умисла, е претерување без мерка!
ФБ статус на Горан Сугарески