Срамното политиканство не поминува кај никого повеќе. Недозволиво е да се манипулира со населението. Сега сите треба мудро да дејствуваме за да се заштитиме од овој вирус. Здравјето е пред се, сега не е време за политиканство. Упатувам апел до сите, да ја зголемиме општествената свест, сите заедно да помогнеме да ја надминеме оваа состојба. Нема поделби на ваши и наши. Ние сме отворени за сите, секој добронамерен совет сериозно го разгледуваме на Кризиниот штаб, во Владата и во ресорните министерства. Се носат и континуирано ќе носиме мерки кои се од исклучиво значење на граѓаните.

ФБ статус на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески