Имам впечаток дека почна евакуацијата на вморонскиот брод на кој се беа качиле многу нормални луѓе, луди левичари и наивни центристи, запатисти и сендеролуминонисти од балкански ранг, кафеански револуционери, твитерџии и парадери по црвениот плоштад на Фејсбук. Како манекени, манекири и сирени на катастрофата и на злото што беа решиле дека ќе го викаат Заев. Тој октопод, хипопотамус, крокодил, комодо, змеј на криминалот и на антимакедонизмот. Формации со кои, за солидни дневници и надеж во побогати синекури кога ќе ја освојат Македонија, ги плашеа граѓаните, постојано вртејки се да видат дали и колку му се допаднале на капетанот, еден политички евнух во кој тие ги беа положиле сите надежи дека ќе ги оплоди нивните амбиции со успех моќ и пари.
Во судирот со сантата на времето и реалноста, овие патници сфатија неколку работи: Прво, дека вморонските газди, екипажот на бродот, заедно со капетанот и првите офицери, всушност, се група лудаци, второ, дека целиот свет знае на каков брод се качиле, кој го држи кормилото, каде и со каква цел пловат, трето, дека и Македонија знае или е во напреднатаа фаза да открие за што тука се работи, четврто, дека разликата меѓу нивните претстави и стварноста нема да се намалува до изборите на 12 април, туку ќе се зголемува на штета на нивните претстави, пето, дека страшно се заебале и дека е време да се обидат да подизбришат по некое твитче, статусче, изјавиче, да дадат некои пресни соопштенија со кои ќе се обидат да го рехабилитираат своето досие и самите себе во крајно нечесната, опасна е немерливо штетна мисија и конечно, да се качат на некој чамец за спасување. Да, и шесто, особено поразно за нив е откритието дека во клучната тема за таканареченото национално прашање, демек за името, уставот, договорот со Бугарија, бродот на кој биле бил залутан милион милји од првото копно на разумот, дека пловеле во скроз погрешна насока и дека “Oктоподот” и “Kомодот”, всушност, бил во право и веќе ги добива сите адмирации на Историјата и на светот. Сума сумарум, дека пучот во кој учествуваа, е пропадната работа и дека тоа ќе се заокружи со резултатите на изборите кои ќе покажат дека вмро-дпмне е злосторничка инсталација која никогаш повеќе нема да има допир со општите работи. И дека тие саделе тикви со ѓаволот.
Јас не мислам дека победничката страна треба да ги одбие тие луѓе. Добро, најголемите рупници, сепак, ќе мораат да платат некаква цена, ако не друго, тогаш поради моралната обнова и ориентација на општеството. Но, останатите треба да се пуштат да се рехабилитираат самите. Има таму бесчувствителни типови, но поголемиот дел точно ја знае тежината на своето најголемо општествено промашување и друга казна не им треба.
ФБ статус на Бранко Тричковски