Исто како кога Груевски го “разубавуваше” Скопје со барок и споменици и воспоставуваше “стандарди” за уметност. Врвот беше театарот со златца и аплаузите за него! А за жигосување на поединци и уметници – еден тон примери… Ова има само едно име – фашизам. Тоа што не се вклопува со “стандардите” за совршенство, во закржлавениот и болен ум на едикој си од едикаде, во “демократијата” може да биде ставено пред суд, па и во затвор, ако веќе немаме концлогори…А Хрватите се во ЕУ! Драга Јосипа Лисац, со тебе сум раснела и имитирајќи те со страст и почит – научив да пеам, а потем станав актер. Ти си наша ѕвезда, една и единствена, оригинална и своја! Ти си бренд на едно исклучително време, земја и народ! Да ни пееш и живееш уште долго!!!

ФБ статус на Синоличка Трпкова