Случајот со апсењето на Филан Митрев во Германија и неговата поврзаност со кардиохирургот во Македонија уште еднаш потврди колку е широка челуста на малограѓанштината во оваа држава. Незаситна глад за сензационализам која барем до некаде се задоволува со ситењето кон неволјата на другиот.
Доволно е да се ѕирне што се пишува на социјалните мрежи или во коментарите под содржините објавени од медиумите. Невидени нивоа на вулгарност и омраза. Се морализира до бесвест, се прават најразлични конекции: „така им требало на тие што се приклучиле кон промоција на Северџанистан“, „еве што се случува со децата на разведени родители“, „убава казна за докторот кога кариерата му е побитна од семејството“…
Малку е да се каже дека секое зборување не е плод на размислување. Се нема сенс да се процени до кој момент опсесивните ‘анализи’ не само што стануваат тотално непотребни, туку и агресивни и деструктивни. А да не зборуваме колку е реткост да се биде толку голем колку што се морализира.
Толку треба во овој наш амбиент за да се заборави на сè друго. Умот не ги прима фактите кога е омплеменет со многу трошки изопаченост и зло. Тоа се неговите ‘опијати’.
ФБ статус на Марина Тунева







































