ДПМНЕ како опозиција се покажа исклучително слаба, без да понуди алтернатива за гласачите, дури ни сега пред избори. Нивната работа изминативе речиси три години беше лажни вести, секојдневни прес конференции со клевети и ниту една предлог мерка. За ваква опозиција да се добере до власт е многу тешко.

Работат повеќе од три години и не нудат ништо, како се’ уште да се потресени од падот од власт и нивното тешко привикнување на опозициска клима (ќе имаат време да се привикнат уште 4 години). Во последното интервју на Мицксоки, на „жешкото столче“ на Телма тој не кажува ништо на прашањата за нивни идеи кои би биле дел од некоја идна програма. Генерализира, кажува флоскули („имаме програма со реалните потреби на граѓаните“, а не кажува конкретно) и во уста го става Заев како одбрандбен механизам на секое прашање. Безидејност пар екселанс. Единствено што Христијан Мицкоски споменуваше беше рамниот данок, но ништо покретно и помикро насочено.

Сега, на неколку месеци пред избори собраа сили и објави нешто што навидум е нешто поконкретно од аспект на мерки за подобрување на животот на граѓаните. Но, на раководството на ДПМНЕ не му е лесно и тоа треба да го разбереме. Под притисок се од влијанието на Груевски, вмрежени се во меѓународни структури кои работат на соборување на Преспа, на „замрзнување“на нашето членство на НАТО, во геополитичката битка тие се на спортивната страна од западот.

Во една таква средина кога мораат да бранат криминал и истовремено да критикуваат многу позитивни текови од изминатите две и пол години, за очекување е дека ќе бидат безидејни и нема да нудат алтернатива. Истовремено, заради претходно наведените притисоци и влијанија самостојно си ја истераа најсилната алка од својата партија – читај: Митко Јанчев – Петар Богојески го формира „Македонски концепт“ откако и него го набркаа, Никола Тодоров во јавноста делува „освестувачки“ (малку лицемерно, нели?) и внатрешната поделеност и незадоволство е можеби најголемиот придонес за нивната состојба. Сето оваа ќе им се удри од глава на 12-ти април.

Уште едни избори, кога го имаме во предвид и Законот за ЈО, ДПМНЕ ќе биде на опашката на историјата, покажувајќи дека се предавници на државата и на народот на кој лицемерно се повикуваат и се’ уште не можат да се помират како ја изгубија власта. Се до избори место мерки, ќе продолжиме да гледаме и слушаме лажни вести, генерализирање, говор на омраза.