„Политичарите секако дека би требало да имаат високи идеали, некакви цивилизациски цели кои сакаат да се постигнат во држави на кои им служат. Затоа и Мизрахи во слободното време може ако сака да биде и верничка, и пекарка и лекарка и апотекарка и цвеќарка и писателка и готвачка и собирачка на ретки пеперутки и ѕверки, и уште поретки салфетки, и сè што посака таа може да биде. Но, сега е платена да биде министерка и да служи на граѓаните во име на таа функција- да се бори за елементарните човекови права, за достоинството, за правата на тие девојчиња, девојки, жени.“, пишува Биљана Секуловска во својата најнова колумна за Нова ТВ.
„По самата дефиниција на демократијата, кога ги исклучувате сите останати можности, опции, разноликости и богатства, останувате сам, на ветрометината на политичката осаменост и ригидност, со само еден столб, од кој не можете да видите ништо повеќе и подалеку, закопани во тврдокорноста, од која ВМРО-ДПМНЕ никако не може да се ослободи и оттргне. Една од пораките на филмот “Медена земја” беше токму тоа- да се гледа во иднината, за да не се остане сам, во пустелијата на стравот од останатите, поинакви и еднакво добри, затоа што само така може да станат најдобриот излез“, заклучува во колумната Секуловска.

Колумната во целост на следниов ЛИНК.