Во многу земји коронавирусот е ставен под контрола… Причината за тоа е што мерките во тие земји воглавно се почитуваат… Во тие земји нема литии и нема причести со едно лажиче… А нема ниту ‘квазиексперти’ што мислат дека се помудри од вистинските експерти…
Во Македонија многу граѓани ги почитуваа мерките, но не беше мал бројот и на оние што бараа начин како да не ги почитуваат… Се изнагледав фотографии со луѓе што се туркаат за влез во банки, во продавници за храна и сл.
Во Канада ниту на фотографија, ниту во живо, не видов такво нешто… Луѓето во голема мера ги почитуваат препораките за ‘дистанца’, за ‘маски и ракавици’… Како резултат на тоа, бројот на новозаболени е во континуиран пад…
На пример, во парковите се исцртуваат кругови и паркот можеш да го користиш само ако си внатре во некој од тие кругови… И тоа се почитува… Во еден ист круг не смее да има луѓе што не се од иста фамилија и што не живеат заедно… И никој за тоа не се буни… А кај нас за истата мерка (за во угостителски објекти) прочитав милион „критики“… #ЈерЕксперти